logo
logo
logo

Силвестер Сталоне призна дека никој не сакал да го снима „Роки“

Vecer | 18.09.2023

Силвестер Сталоне призна дека никој не сакал да го снима „Роки“

Силвестер Сталоне првпат го играше Роки Балбоа во филмот Роки од 1976 година. Благодарение на успехот на првиот филм, Роки стана светска франшиза која роди пет продолженија и спин-офот Creed со Мајкл Б. Џордан во главната улога.

Филмот го следи младиот Роки кој решава да се бори со шампионот од Тексас, Аполо Крид. Суштината на филмот се манифестира во неговиот портрет на аутсајдер кој не се плаши да се докаже пред светот по цена на пораз.

Сепак, успехот на почетокот не беше видлив. Сталоне призна дека индустријата навистина не сакала да се посвети на снимањето на оваа спортска драма.

"Сакав да снимам филм за човек кој вели: "Јас не сум најдобар и никогаш нема да бидам. Се борам со големите. И сакам шанса да се докажам", изјави Сталоне за Холивуд Репортер.

„Пишав за оваа малку ментално ретардирана личност која има големо срце. Никој не сакаше да го снима филмот. И тоа беше моето најдобро напишано сценарио“, додаде тој.

И 47 години по првото прикажување, Роки останува еден од најдобрите спортски филмови и вистинска класика. Најпознатите сцени во овие филмови се вртат околу тренинзите и станаа инспирација за многумина кои сакаат да докажат дека невозможното може да стане возможно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk