Актерката и претприемачка редовно објавува нови фотографии на својот Инстаграм профил, но и на профилот на брендот - обично од себе во парчиња од колекцијата - и на тој начин најавува нови линии или едноставно привлекува дополнително внимание кон брендот.
Во својата последна објава, Сидни сподели нова серија фотографии, со заводливо селфи во преден план. Во описот, таа истакна дека сака да внесе „малку романса во секојдневните моменти“, што е и слоган на нејзиниот бренд, а тоа се обидува да го потврди со новите фотографии.
Гламур во стилот на стариот Холивуд
Ѕвездата на серијата „Еуфорија“ сподели на официјалниот Инстаграм профил на брендот Syrn заводливо селфи од огледалото на кое не носи ништо друго освен бел градник од чипка со длабоко деколте.
Изгледот го комплетираше со гламур во стилот на femme fatale од златното доба на Холивуд, со бујни ретро кадрици. Својата обемна руса коса ја усогласи со темна сенка за очи, сјаен тен, розови образи и светло црвени нокти.
Најава за нови парчиња
Покрај нејзината фотографија, објавата содржеше и слики од букети, розови чипкани градници и модели кои позираат во други парчиња од колекцијата, како што се проѕирен чипкан топ и ансамбл во чоколадна боја. „Малку романса за секојдневните моменти. Вашите омилени романтични стилови се враќаат утре, 25 февруари“, пишуваше во описот.
Полежерно издание
Само неколку часа подоцна, актерката претстави уште еден комплет од Syrn. Овој пат носеше раскопчана сина кошула под која се гледаше бел градник со сина рамка. Го комбинираше со светли фармерки со широк струк, кои откриваа бели боксерки.
За полежерно издание, таа избра и порелаксирана фризура, со меки бранови и разделба во средината, и шминка во розови тонови додека со насмевка отвораше плакар полн со парчиња од нејзината колекција.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата