logo
logo
logo

Гвинет Палтроу за „саможртвата“ во име на високата мода

Vecer | 19.03.2026

Гвинет Палтроу за „саможртвата“ во име на високата мода

Американската глумица имаше еден од највпечатливите настапи на свеченото доделување, и новообјавено видео „од зад сцената“ открива дека таа морала да биде „зашиена“ во фустанот, којшто имал елегантни засеци од страните, и покриени со сјајна проѕирна ткаенина. Палтроу се појави на овогодишните „Оскари“ првпат по повеќе од 10 години, облечена во бела тоалета - од модната куќа „Џорџо Армани приве“ (Giorgio Armani Privé), којашто „открива доста“... И според папараците.

Но, фустанот бил толку тесен и сложен што актерката, вели, тукуречи „морала да биде зашиена“ во него.

Во видеоприлогот на Јутјуб-страницата на нејзиниот бренд „Гуп“ (Goop), Палтроу ги сподели своите подготовки за „Црвениот тепих“, вклучувајќи и Фејстајм-разговор со својата ќерка Епл.

Поради фустанот, „оскаровката“ не можела „да оди во тоалет цела вечер“, како што, меѓу другото, самата призна. Се чини, сепак, Палтроу без поголем напор ја одигра својата улога на „Црвениот тепих“, и доделувањата, надополнувајќи го фустанот со дијамантски накит, бели потпетици и едноставна фризура. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk