„Се сеќавам кога ја имав мојата трета операција на отворено срце. Тоа беше само пред неколку години, непосредно пред да започнеме со снимање на Терминатор 6. Бев навистина откачен. Се разбудив и одеднаш пред мене имаше лекари кои ми кажаа: Многу ми е жал, но не одеше онака како што планиравме“, се сеќава актерот.
Тој додал дека требало да биде едноставна процедура, но сѐ се искомплицирало кога лекарите по грешка му го дупнале ѕидот на срцето, предизвикувајќи внатрешно крварење. Поради ова, лекарите морале да му ги отворат градите на Шварценегер за да му го спасат животот.
"Се прашував како да се извлечам од сѐ. Во филмот требаше да трчам, да снимам сцени со тепачки, да кревам разни предмети... Но прво морав да излезам од болница. Ми помогнаа пријателите, кои ме мотивираа. “, додаде актерот, чие закрепнување напредувало бавно - од 10 чекори дневно до секојдневни прошетки низ болницата.
На крајот, Шварценегер го продолжил опоравувањето дома и можел да се подготви за снимање.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата