logo
logo
logo

Шварценегер се потсети на моментот кога на сопругата ѝ кажал дека има дете со чистачката(ВИДЕО)

Vecer | 06.06.2023

Шварценегер се потсети на моментот кога на сопругата ѝ кажал дека има дете со чистачката(ВИДЕО)

Тој рече дека тогаш мислел дека Џозеф е син на сопругот на Милдред и затоа таа продолжила да работи за нивното семејство, но како што одминувало времето станувало се појасно дека тој е таткото. „Во тоа време само се прашував: „Како да го сокријам ова?“, се сеќава актерот.

Тој ѝ признал сè на сопругата дури во 2011 година за време на терапија со брачен советник, кој му рекол дека Марија мора да знае дека тој е татко на Џозеф. „Мислев дека срцето ми застана. И тогаш ја кажав вистината. „Да, Марија. Џозеф е мој син. Ја здроби“, опиша тој.

Аферата била откриена истата година и Шрајвер веднаш потоа поднела барање за развод. Во документарецот на Нетфликс „Арнолд“, Шварценегер ја нарече аферата својот најголем неуспех и рече дека ќе мора да живее со неа до крајот на својот живот.

„Му предизвикав преголема болка на моето семејство поради моето за*бување. Сите тие мораа да страдаат. Марија мораше да страда, децата мораа да страдаат, Џозеф, неговата мајка, сите“, рече тој. Тој додаде дека тој и Шрајвер сепак успеале да останат во добри односи.

Тој исто така рече дека Џозеф е голем човек и дека иако аферата била погрешна, тој не сака неговиот син да мисли дека не е добредојден. „Џозеф стана извонреден млад човек“, опиша ѕвездата на „Терминатор“.

Да потсетиме, Марија Шрајвер неодамна за време на гостувањето во подкастот „Making Space“ со Хода Котб призна дека по разводот со актерот отишла во манастир. Таа зборувала за тоа колку ѝ бил тежок процесот на развод. „Отидов во манастир, затворен манастир, за да молчам“, изјавила таа.

Марија, телевизиска новинарка и внука на претседателот Џон Ф. Кенеди, беше во брак со Арнолд 25 години. Тие се разведоа во 2011 година, а заедно имаат четири деца. Шрајвер моментално работи за NBC.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk