Тие го привлекоа вниманието на многумина со своите комбинации.
Хедер носеше розов фустан кој е соодветен за Октоберфест бидејќи наликува на баварска носија. Арнолд носеше необична кожна јакна и панталони со високи чорапи одоздола. Двојката позираше со толпата обожаватели, а потоа направија прошетка низ Октоберфест.
Арнолд првпат беше поврзан со Хедер, која е физиотерапевт, во 2013 година и често ја споменуваше во своите интервјуа. Оваа година Шварценегер рече дека се преселил „со својата убава девојка“. "Таа е многу успешна. Јас сум горд на неа и ја сакам", изјави тој за Хедер во мај.
Актерот се раздели од сопругата Марија Шивер во 2011 година, но разводот беше финализиран дури во 2021 година. Арнолд и Марија беа во брак повеќе од 20 години, а разводот му го олесни неговото неверство. Тие имаат четири деца: Кетрин, Кристина, Патрик и Кристофер. Шварценегер е исто така е татко на Џозеф Баена, од неговата врска со домашната помошничка Милдред Патриша Баена.