logo
logo
logo

ШПАНСКАТА ПЕСНА ФАВОРИТ НА ЕВРОВИЗИЈА: Сите „ПОЛУДЕА“ по Бланка

Vecer | 08.02.2023

ШПАНСКАТА ПЕСНА ФАВОРИТ НА ЕВРОВИЗИЈА: Сите „ПОЛУДЕА“ по Бланка

За Бланка Палома велат дека е една од ретките кои решиле да ризикуваат да појдат на Евровизија со необична песна во која навистина веруваат. Едноставна мелодиска линија, ефектен настап, едноставни, но привлечни костими, па дури и ракоплескање што ја придружува пејачката, сето тоа некако ја поврзува со минатогодишната српска претставничка Констракта. Двете песни на многумина им изгледаат како нешто што „не може да помине“ во Европа, додека на други им делуваат токму како „вистинската работа“.

Шпанија оваа година на натпреварот испраќа убавица која е вљубена во фламенко и, која, благодарение на жестоката нумера, победи на нивниот национален натпревар пред два дена.

Бланка има 33 години и ова е втор пат да конкурира за претставник на Шпанија. Исклучителниот вокал, енергичната изведба и одличната кореографија на придружната танцова група веќе оставија впечаток кај твитерџиите кои, ги следат кандидатите за песна на Евровизија. Многумина ја прогласуваат за фаворит, па дури и за сигурен победник.

Дали Европа е подготвена за фламенко? Ако се суди според коментарите на социјалните мрежи, тоа добро ќе го почувствуваат и оние кои не разбираат за што пее Бланка.

Песната „Eaea“ е посветена на нејзината длабока љубов кон детето, а убавата Шпанка ја посветува на баба и од која ја наследила љубовта кон традиционалната музика на својата земја. Слушнете ја!

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk