logo
logo
logo

Шон Пен со УЛТИМАТУМ, нема да снима додека не се вакцинираат сите луѓе на сетот

Vecer | 25.07.2021

Шон Пен со УЛТИМАТУМ, нема да снима додека не се вакцинираат сите луѓе на сетот

Американскиот актер Шон Пен (60) ја снима серијата „Гаслит“ и се реши на драстичен потег да престане со снимањето. Тој го услови своето враќање на сетот со вакцинирање на целиот тим, од актерите до техничкиот персонал.

Шон, покрај неговите барања, ќе им овозможи на сите бесплатни вакцинации преку неговата организација CORE, а тој се реши на овој чекор поради влошената состојба со пандемијата во Лос Анџелес.

Со овој потег тој сака да го охрабри Холивуд, но и пошироките маси да одлучат да се вакцинираат.

Во „Гаслит“, заедно со Шон, главната улога ја има и светски познататаЏулија Робертс, а претстојната серија се занимава со скандалот Вотергејт и жанровски се вклопува во политички трилер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk