logo
logo
logo

Шинед О`Конор во розева тренерка на погребот на 17- годишниот син,во сандакот му ставила цигари

Vecer | 17.01.2022

Шинед О`Конор во розева тренерка на погребот на 17- годишниот син,во сандакот му ставила цигари

Интернетот е преплавен со фотографии од пејачката која на погребот дојде во влечки и розови тренерки. Pagesix пишува дека желбата на покојниот Шејн била погреб според хинду обичаите, а Шинед рекла дека навистина би му се допаднала нејзината облека. По погребот, Шинед се огласи на својот Твитер профил.

„Само што се збогувавме со нашиот прекрасен ангел Шејни. Многу убава хинду церемонија. Ќе му се допадне на Шејн. Тој секогаш пееше „Ом. Шанти. Му ставив неколку кутии цигари во ковчегот во случај да нема во рајот. И дека ќе му се допадне. Ом. Шанти“, напишала Шинед.

Пејачката била хоспитализирана по трагичната смрт на нејзиниот син. Во објава на Твитер, Шинед открива дека била во полиција и набргу потоа била пренесена во болница.

"Решив да го следам син ми. Нема смисла да живеам без него. Уништувам се` што ќе допрам. Оставена сум само за него, а сега го нема. Го уништив семејството. Моите деца не сакаат да знаат за мене. Јас сум орална личност. Сите мислите дека сум добро затоа што можам да пеам. Јас не“, напишала таа, загрижувајќи ги своите следбеници.

Да потсетиме, тинејџерот Шејн исчезна на почетокот на месецот и полицијата веднаш тргна во потрага, но набрзо била запрена. „Откако беше пронајдено тело во Бреј, Виклоу, во петокот на 7 јануари, потрагата по исчезнатиот 17-годишен Шејн О’Конор беше прекината“, изјавил портпаролот на полицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk