logo
logo
logo

Шерон Стоун во ептен лежерно издание, во „ПИЖАМИ“ на фестивал

Vecer | 11.06.2021

Шерон Стоун во ептен лежерно издание, во „ПИЖАМИ“ на фестивал

Долго очекуваната премиера на популарниот мјузикл „Во височините“ од Лин-Мануел Миранда се одржа во рамките на отворањето на јубилејниот 20-ти филмски фестивал „Трибека“, во Њујорк во чие жири оваа година е и Шерон Стоун.

Познатата 63-годишна актерка ќе го избере победникот на фестивалот заедно со остатокот од жирито составено од Патриша Аркет, Сана Латан, Ворингтон Хадлин, Делрој Линдо, Илија Вуд, Брајан Кренстон, Андре Холанд, Маргарет Чо и Хари Неф.

Шарон на отворањето на фестивалот и на проекцијата на филмот „Во височините“ пристигна во многу лежерно издание.

И додека членката на жирито Хари Неф избра долга жолта тоалета за таа пригода, која ја комбинираше со светкави сребрени ракавици, Шерон се оддалечи доста од традиционалниот гламур кој вообичаено можеме да го видиме на вакви настан.

Наместо некој вечерен фустан или можеби костум, таа носеше свилен комплет што потсетуваат на пижами.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk