logo
logo
logo

Шерон Стоун: Си заминувам од САД, доколку Трамп повторно биде избран за претседател

Vecer | 26.07.2024

Шерон Стоун: Си заминувам од САД, доколку Трамп повторно биде избран за претседател

Како што пренесува Dailymail, прво Џорџ Клуни бил домаќин на собир за собирање донации за Џо Бајден, а по неколку недели актерот јавно го повикал актуелниот шеф на Белата куќа да се откаже од трката за втор мандат.

Тогаш Џејми Ли Кертис, Кети Пери и Роберт Де Ниро беа меѓу првите кои јавно ја поддржаа потпретседателката Камала Харис да биде демократски кандидат со пораката:

„Ништо не е поважно за нашата земја од поразот на Доналд Трамп на изборите во ноември.“

Последна од ѕвездите која се приклучи на изборната кампања е Шерон Стоун (66), ѕвездата на бројни филмови, која отиде чекор понатаму. Таа изјави дека ќе ја напушти Америка доколку Доналд Трамп биде реизбран за претседател.

Ѕвездата на филмовите „Ниски страсти“ и „Казино“ изјави дека е подготвена за нов живот во Европа и дека размислува да купи куќа во Италија.

„Дефинитивно размислувам да купам куќа во Италија. Мислам дека во овој момент е паметно и конструктивно. Ова е еден од првите пати во мојот живот кога сум видела некој да се кандидира за претседател на платформа на омраза и угнетување." рече Стоун.

Нејзините пријатели тврдат дека Шерон веќе ги разгледала понудите за недвижнини на француската ривиера, пред да се одлучи за Италија. Актерката веќе 25 години живее во иста куќа на Беверли Хилс. Таа има четири деца.

Интересно е што уште пред изборите во 2016 година, неколку познати личности изјавија дека ќе ја напуштат Америка доколку победи Трамп. Меѓу нив беа Мајли Сајрус, Шер, Семјуел Ел Џексон, Челзи Хендлер, Ејми Шумер, Џон Стјуарт... На крајот победи Трамп, но никој од нив не се исели од САД.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk