Легендарниот филм „Сирови страсти“ од 1992 година, кој заработи неверојатни 352 милиони долари, криеше многу тајни кои публиката долго време не ги знаеше додека главната актерка и режисерот не открија непознати детали зад сцената. Достигнувањето дури го доби епитетот на контроверзно.
Филмот чинеше 49 милиони долари, а пред неговото прикажување во кината, предизвика контроверзии поради сцените на секс, насилство и силување. Геј активисти протестираа поради тоа што на големото платно бисексуална жена беше претставена како психопат.
Сценаристот Џо Естерхас ја напиша приказната за 13 дена во 1990 година, а сценариото го продаде за три милиони долари.
- Го замолив мојот пријател да легне покрај мојот кревет додека ја снимав таа сцена и да ми каже шеги. Имаа дури и болничар на снимање со маска за кислород, бидејќи се чувствував како да ќе се онесвестам додека го снимав“, рече Шерон Стоун за насилната сцена каде што убива со кршач за мраз, додавајќи:
- Им реков дека сакам да го снимам сето тоа одеднаш и да ги изгаснат сите светла. Кога ги вклучија светлата, режисерот Пол Верховен беше толку исплашен што за малку ќе паднел од столот.
Режисерот решил да вклучи контроверзна секвенца во филмот кога Шерон ги рашири нозете и открива дека не носи долна облека за време на полициското испрашување. Актерката подоцна изјавила дека нејзините гениталии биле снимени без нејзино знаење. Таа сцена ја немаше во сценариото, а Естерхас рече дека жали што не помислил на тоа, па „заслугата“ му припадна на Верховен.
Извор: Аваз
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата