logo
logo
logo

Шакира не заинтересирана за врска со Том Круз

Vecer | 27.05.2023

Шакира не заинтересирана за врска со Том Круз

Медиумите по трката од Формула 1 во Мајами и средбата на Том и Шакира започнаа со шпекулации дека пејачката и актерот  повторно  ќе се сретнат на роматнична вечера.

Тие тврдеа дека Том е особено заинтересиран за Шакира и дека е „очаен“ да излегува со убавата пејачка и покрај тоа што таа наводно е „фокусирана на нејзиното семејство“ наместо на врска и забава, пренесе Мирор.

Магазинот Heat известува дека Шакира „го молела Том да престане да флертува со неа“, цитирајќи извор кој имал информации од двајцата.

Изворот истакнал дека Том и Шакира  површно се познавале со години , но никогаш не поминале време заедно во „опуштена средина“  се до Гран при во Мајами. Извор открил дека Том бил „нервозен“ кога ја запознал Шакира, а всушност слично постапил и кога првпат ја запознал својата поранешна сопруга Кејти Холмс.

„Тој замина убеден дека треба да изградат вистинска врска“, рече изворот. Том наводно разговарал со своите пријатели за тоа, но Шакира не се чувствува исто. Изворот рекол дека Шакира едноставно сакала само пријателски однос“. По средбата во Мајами наводно  Том  ја опишал Шакира како негова „жена од соништата“.

Според изворот, ситуацијата наводно била „премногу напната“ за Шакира, која претходно се борела со возбуда за развод и разни шпекулации.

"Таа не сака да го вознемири или да го засрами, но дефинитивно, барем што се однесува до неа, нема привлечност кон Том. Таа е поласкана, но не е заинтересирана", истакнал изворот. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk