logo
logo
logo

Шаја Лабјуф уапсен во Њу Орлеанс по напад врз две лица

Vecer | 18.02.2026

Шаја Лабјуф уапсен во Њу Орлеанс по напад врз две лица

Тој се соочува со обвинение за насилство, соопшти Полицискиот оддел на Њу Орлеанс (НОПД) во изјава за „Еј-би-си њуз“ (ABC News) вчера.

„Околу 12:45 часот на 17 февруари 2026, НОПД доби повикани во блокот 1400 на 'Ројал стрит' како одговор на едноставно насилство каде што две жртви (двајца возрасни мажи) пријавиле дека биле нападнати. Според истражителите, маж идентификуван како 39-годишниот Шаја Лабјуф, според наводите, предизвикувал нарушување на редот и станувал сè поагресивен“, соопшти полицијата.

Глумецот, наводно, со „затворени тупаници“, неколкупати удрил по една од жртвите. Потоа ја напуштил областа, но се вратил и продолжил да се однесува агресивно, при што „повеќе луѓе се обиделе“ да го совладаат.

Според НОПД, Лабјуф потоа бил задржан од присутните, додека полицајците не пристигнале на местото на настанот. Подоцна, тој бил однесен в болница „заради лекување неодредени повреди“ пред да биде уапсен и обвинет за две обвиненија за едноставно насилство.

Инцидентот се случил за време на прославите на „Ланди грас“ во Њу Орлеанс. До овој миг, Лабјуф не се огласил со коментар. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk