Трифуновиќ денеска во Вишиот суд во Белград е осуден на шест месеци условна затворска казна со две години период на контрола за поседување 11,8 грама марихуана за лична употреба, потврдија за Телеграф.рс.
На три години и четири месеци затвор е осуден и Владимир Арсенијевиќ од Падинска Скела, кој му продавал дрога на 52-годишен српски актер. Според српските медиуми, кај Арсенијевиќ при неговото апсење биле пронајдени уште 100 грама дрога.
Актерот не се појави во Вишиот суд во Белград за изрекувањето на пресудата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата