logo
logo
logo

Селин Дион низ солзи проговори за ТЕШКАТА БОЛЕСТ со која се соочува

Vecer | 08.12.2022

Селин Дион низ солзи проговори за ТЕШКАТА БОЛЕСТ со која се соочува

Селин Дион неодамна откри дека боледува од реткото нарушување SPS (Stiff Person Syndrome), кое предизвикува неконтролирано стегање на мускулите. Познатата пејачка во видеото кое го објави на својот Инстаграм-профил го сподели ова сознание со своите фанови и откри како се манифестира оваа ретка болест.

Таа со солзи во очите рече дека ќе мора да ја откаже европската турнеја.

“Здраво на сите, извинете што ми требаше толку време да разговарам со вас. Многу ми недостигате и едвај чекам да разговарам повторно со вас од сцената“, започна Селин, а потоа во солзи продолжи: „Отсекогаш сум била како отворена книга, но до сега не бев подготвена да зборувам за ова. Неодамна ми беше дијагностицирано ретко нарушување кое погодува еден од милион луѓе во светот. Барем сега ми е јасно зошто имам напади. За жал, спазмот ми го нарушува секојдневието. Понекогаш не можам да одам, понекогаш не можам да зборувам или да пеам. Многу ми е жал, но не ни верувам дека ќе успеам да ја започнам турнејата во февруари следната година. Работам со најдобрите лекари и спортски лекари за повторно да си ги вратам силите и способностите за настап, но морам да признаам дека тоа е тешка битка.“

„Додека сè уште дознаваме за оваа ретка состојба, сега знаеме дека тоа беше причина за грчевите од кои страдав“, истакнала познатата пејачка и продолжила: „За жал, овие грчеви влијаат на секој аспект од мојот живот и ми го отежнуваат движењето, а не ми дозволуваат да ги користам гласните способности на начин на кој сум навикната. Тешко ми е да ви кажам дека тоа значи дека нема да бидам подготвена да ја продолжам европската турнеја во февруари, како што беше претходно најавено. Ве сакам и се надевам дека наскоро повторно ќе се видиме.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Céline Dion (@celinedion)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk