Познатата пејачка на својот TikTok профил објави видео во кое на урнебесен начин откри дека не е во врска.
Селена седела покрај теренот со другарките, а потоа им викала на фудбалерите: „Јас сум сингл!“ Таа потоа додаде: „Само ми треба многу внимание. Но, многу ќе ве сакам момци!“
Видеото собра повеќе од 17 милиони прегледи и 4,2 милиони лајкови, а многу фанови ја пофалија нејзината искреност.
@selenagomez The struggle man lol
♬ original sound - Selena Gomez
„Како да се гледам себеси“, напишал еден Тиктокер, а друг додал: „Замислете Селена Гомез да ви вика колку е осамена“.
„Моето моментално расположение“, се пошегува трет, додека четвртиот кратко прокоментира: „Каква кралица“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата