logo
logo
logo

Сека Саблиќ растела во сиромаштија: СОНУВАВ ДЕКА ЌЕ СТАНАМ БОГАТА

Vecer | 30.04.2021

Сека Саблиќ растела во сиромаштија: СОНУВАВ ДЕКА ЌЕ СТАНАМ БОГАТА

Легендарната актерка Јелисавета Сека Саблиќ во својата автобиографија пишува за своето тешко детство, но исто така замислувала дека кога ќе порасне ќе биде „богата“ жена, во што и успеа, но во духовна смисла.

- Родена сум во Белград, во болницата денес наречена „За мајка и дете“. Родена сум во 1942 година, среде војна и најстрашните опасности за мене, мајка ми и татко ми, затоа што мојата мајката е Еврејка од Дорчол. Никогаш не носела жолта лента за време на војната. Кога се омажила за татко ми, Стеван, христијанин и се преселила во Чубура, нејзините родители ја напуштиле.

Таа немала контакт со нив се додека семејството, пет сестри со деца, не биле однесени во кампот кај Сајмиште- се реченици од автобиографијата на оваа актерка „Мојата мала автобиографија “.

Таа се сети и на тешките моменти што ги доживеа за време на војната.

- Татко ми е од Банија, затоа ние често одевме во неговото село, наречено Мала Градуша. Луѓето беа дури и погладни од нас во градот, па татко ми често им испраќаше пакети од Белград. Може да се каже дека целото мое детството беше навистина убаво. Обележано со сиромаштија, но без болка, без глад.

Татко ми работеше и се грижеше да сме секогаш сити. Од друга страна, мајка ми секогаш сакаше да излезе - во театар, во кино, таа беше желна да се забавува.  Луксуз... Така јас, како дете, постојано велев дека ќе бидам богата. Се разбира, во реалноста се покажа како сосема спротивно, иако останав на ставот дека е многу важно да се обезбеди достоинствен живот што не подразбира понижување. Сепак, како што растев, сè повеќе се интересирав за нематеријални вредности – стои во текстот.

Популарната актерка еднаш откри дека и е жал што режисерите никогаш не ја побарале за одреден тип на улога.

Никогаш не добив улога на заводничка. Сега, кога ќе ги погледнам старите снимки и слики, мислам - „Боже, јас бев добра риба“. Не разбирам што ми недостасуваше, па затоа никогаш не ме пуштија да глумам.“- рече Сека.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk