logo
logo
logo

Се разведуваат Хејли и Џастин Бибер?

Vecer | 07.04.2024

Се разведуваат Хејли и Џастин Бибер?

Се започна кога нејзиниот татко Стивен Болдвин сподели објава во која ги замоли луѓето да се молат за неговата ќерка и зет. Ова збуни многумина, па почнаа да шпекулираат дека парот решил да се раздели, но во тоа нема вистина, барем според „People“.

- Нема развод, нема вистина во тоа. Тие се многу, многу среќни - изјавил извор близок на парот за споменатиот весник, пренесува „Б92“.

Оваа изјава на изворот дојде и по објавата која Хејли ја имаше, каде што им порача на луѓето да не веруваат во секакви глупости.

- Само да знаете, тие приказни и се што се објавува се чисти гласини. Тие доаѓаат од некоја илузија на луѓе. Знам дека ви е забавно да им се придружите, но знајте дека овие гласини се секогаш лажни. Жал ми е што ве разочарувам, но тоа е така – напишала Хејли.

Како што беше напишано неодамна, покрај тоа што има свој бизнис, Хејли му се придружи на својот сопруг во неговите деловни обврски и е многу посветена на тоа.

Извор: Аваз

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk