logo
logo
logo

Се евакуираат и ѕвездите кои имаат куќи на Флорида, Том Круз замина во Лондон (ФОТО)

Vecer | 09.10.2024

Се евакуираат и ѕвездите кои имаат куќи на Флорида, Том Круз замина во Лондон (ФОТО)

Актерот Том Круз, кој поседува голем станбен комплекс во Клирвотер, е снимен во Лондон. Британските медиуми објавија дека Круз делувал прилично загрижено. Тој денеска слетал во Лондон со неговата сестра и уште неколку соработници.

Меѓу жителите на Флорида е и писателот Стивен Кинг, кој пред неколку години купил куќа во Кејси Ки. Тој денеска објави на X (поранешен Твитер). „Одлуката на Рон ДеСантис да не одговори на повикот на потпретседателката пред ураганот Милтон беше како одлука на мрзлив тинејџер да одбие да разговара со девојка која не сака да излегува со него. Детска. И опасна.“ предупреди тој.

Во таа област куќа има и актерот Џон Траволта, на чиј имот има и две писти за неговите приватни авиони.

Имот на Џон Траволта

За потсетување, Флорида се подготвува за една од најсилните тропски бури во последните сто години. Ураганот Милтон се движи кон брегот на САД, а властите ги повикуваат жителите веднаш да се евакуираат. Милтон повторно се засили до категорија 5 и може да биде најсилната бура што некогаш ја погодила Флорида.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk