Се е подготвено за 28-то издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест“ што ќе се случува на 10 и 11 септември, на сцената на Долни Сарај во Охрид, со фолк и интернационална вечер. Ќе слушнеме добри песни, две вечери исполнети со музика која преставува мост помеѓу минатото, сегашноста и иднината, а меѓу познатите изведувачи ќе видиме и многу ѕвезди од екс ју, велат организаторите.
Во склоп на првата фестивалска, фолк вечер публиката ќе ужива во 17 нови композиции, а во ревијалниот дел ќе настапи групата „Легенде“ од Србија. Во втората, интернационалната вечер ќе се претстават 20 изведувачи, а покрај македонските интерпретатори, на фестивалот ќе настапат и познати пејачки имиња од балканските земји, од Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Бугарија, Албанија. Во ревијалниот дел, пак, ќе настапи Владо Калембер.
На „Охрид фест“ доследно ќе се почитуваат сите мерки за заштита од пандемијата, а присутните и оние крај малите екрани ќе ги чујат и видат: Ибуш Ибраимовски, Милован Секулоски, Петар Нечовски, Нино Величковски, Благоја Грујовски и Сани, Скопски Боеми, Перо Христов, Благица Павловска, Александар Јосифовски, Интервали...
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата