logo
logo
logo

Северина го прослави својот 53 роденден, никој не очекуваше ваква честитка

Vecer | 21.04.2025

Северина го прослави својот 53 роденден, никој не очекуваше ваква честитка

Регионалната музичка ѕвезда Северина го прослави својот 53 роденден, а честитките кои пристигнаа од сите страни пејачката ги сподели со својата публика и следбеници на Инстаграм.

Иако на музичката сцена е повеќе од три децении, интересот за приватниот живот на Северина не стивнува.

И така и кога станува збор за прослава на роденден, од избор на тоалетa, торта, пријатели и гости...

Пејачката отсекогаш нагласувала дека семејството и пријателите не се нешто што треба да се земе здраво за готово. Тоа се луѓето кои го прават животот и добар и лош, иако во добри времиња секој може да биде со вас.

Да потсетиме, минатата година една од најемотивните честитки беше онаа што ја доби од нејзината мајка Ана:

– Драга моја ќерко, ти посакувам сè најдобро во животот, за твојот 52 роденден и да продолжиме да живееме вака и ти благодарам за сè што правиш за мајка ти. А ти да бидеш најсреќната мајка на светот – ѝ посакала тогаш мајката на Северина.

Северина овој пат го прослави својот 53 роденден честитајќи си за сè. Имено, во видеото кое го објави на социјалната мрежа Инстаграм, пејачката се заблагодарува за сè што направила, постигнала и преживеала користејќи го сега антологискиот говор на американската музичка ѕвезда, Снуп Дог.

– Среќен ми роденден – напиша Северина, а подолу ги цитираше зборовите на американскиот рапер:

„На крајот, но не и најмалку важно, сакам да си се заблагодарам себеси. Сакам да се заблагодарам што верував во себе. Сакам да си се заблагодарам себеси што ја направив целата оваа напорна работа. Сакам да се заблагодарам што немав слободни денови. Сакам да се заблагодарам што никогаш не се откажував. Сакам да се заблагодарам што секогаш давав. И се обидувам да дадам повеќе отколку што добивам. И се трудам да дадам повеќе отколку што добивам. Сакам да си се заблагодарам себеси што се трудев да направам повеќе правилно отколку погрешно. Сакам да се заблагодарам што сум јас во секој момент“, се зборовите кои Севе ги кажа со плејбекот, а сето тоа го сними во видеото кое го објави на социјалната мрежа Инстаграм.

Шестата деценија Северина ја гази како да има 30 години, докажувајќи дека не се согласува на компромиси. Нејзиниот роденден е само уште една причина да блесне – како и секогаш, во нејзин стил.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk