logo
logo
logo

САША И СУЗАНА КУПУВААТ ДВА СТАНА ЗА ЌЕРКАТА И СИНОТ, посредувала една фолкерка

Vecer | 23.07.2021

САША И СУЗАНА КУПУВААТ ДВА СТАНА ЗА ЌЕРКАТА И СИНОТ, посредувала една фолкерка

Саша Поповиќ неодамна го продал свој удел во “Гранд“ продукција и заработил 15 милиони евра, а сега во јавноста се појавила информација дека одлучил да купи два стана во најлуксузниот дела на градот.

- Саша и Сузана сакале паметно да ги вложат парите од продажбата на “Гранд“. Ќе купат два луксузни стана, на секое дете по еден. Ако Александра и Даниел не сакаат да живеат во нив, можат да ги издаваат под кирија и убаво да заработуваат од рента – зборува добро упатен извор и додал дека брачниот пар во оваа инвестиција помош побарале од Вики Миљковиќ

- Сале веднаш ја повикал Вики, која со сопругот имаат фирма за недвижности. Таа ги запознала за се и рекла дека ќе им најде два убави стана во Белград на вода и дека ќе ги опреми по нивна желба.

Сопругата на Саша, Сузана барала двата стана да бидат ви иста зграда.

- Вики нашла два луксузни стана со поглед на Сава. Избрала четири стана со различна квадратура и сега се чека на Поповиќ и Сузана кога ќе се вратат од одмор да ја погледаат понудата – открива изворот.

Сузана објаснила зошто таа и Поповиќ одлучиле да купат станови во ексклузивна локација.

- Со Сале сакваме на децата да им обезбедиме кров над глава. Сон на секој родител е на своите наследници да им купи недвижен имот. Точно е дека и се обративме на Вики за помош, нејзината фирма ќе ни го опремува ентериерот – вели пејачката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk