logo
logo
logo

Сања денес е ПРЕЗГОДНА, а кога била мала ја нарекувале ДЕБЕЛА СВИЊА

Vecer | 14.04.2021

Сања денес е ПРЕЗГОДНА, а кога била мала ја нарекувале ДЕБЕЛА СВИЊА

Сања Вучиќ, членка на составот "Hurricane" и овогодинешна евровизиска претставничка на Србија, признала дека кога била мала, односно во училишните денови, поминувала низ пекол бидејќи била жртва на насилство од врсниците.

Децата ја малтретирале зашто имала вишок килограми и ја нарекувале со погрдни имиња.

- Бев дебела и затоа се повлекував во себе. Ми велеа дека сум „дебела свиња“. Ме болеше тоа и многу патев. Знаеја да бидат баш сурови, но сега децата се уште полоши. Се газат меѓусебно и имаат кланови, рекла Сања и додала дека и сега има проблем со килограмите, но генерално е задоволна како изгледа.

 

- Со часови останував меѓу четири ѕида и плачев. Многу бев тажна во тој период. И сега ја сакам храната, но се контролирам, раскажала пејачката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk