logo
logo
logo

Сандра Булок се потсети на гестот со кој Киану Ривс ја воодушеви пред 25 години

Vecer | 24.11.2021

Сандра Булок се потсети на гестот со кој Киану Ривс ја воодушеви пред 25 години

Булок изјави за Esquire дека еднаш во разговор со Киану рекла дека никогаш не пробала тартуфи или шампањ.

Неколку дена подоцна Ривс пристигнал со мотор пред нејзината куќа, со цвеќиња, шампањ и тартуфи во раката. „Тој рече: „Само помислив дека можеш да пробаш шампањ и тартуфи, за да видиш какви се...““, рече Булок. Тоа се случило пред околу 25 години.

Во 2018 година, актерката признала дека се заљубила во Ривс додека заедно го снимале Speed. Мислела дека тоа не е взаемно. Малку подоцна, сепак, Ривс потврдил дека тоа било всушност взаемно. „Таа не ни знаеше дека сум заљубен во неа“, раскажува тој.

Ривс го следи имиџот на еден од најдобрите луѓе во Холивуд. Неодамна ја изненади филмската екипа која работела со него со скапи подароци - за секого купил по еден часовник Ролекс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk