logo
logo
logo

Само еден филм со Киану Ривс заработил над милијарда долари, не е „Матрикс“

Vecer | 15.06.2024

Само еден филм со Киану Ривс заработил над милијарда долари, не е „Матрикс“

Станува збор за анимираниот филм Toy Story 4, финансиски најуспешното продолжение на популарната франшиза на Pixar.

Во филмот, Ривс му го позајми гласот на еден од новите ликови, канадскиот каскадер Дјук Кабум. Дјук Кабум е една од новите играчки што ги среќава главниот јунак Вуди (Том Хенкс) додека се обидува да го спаси својот пријател Форки (Тони Хејл). Дјук Кабум е пријател на вудисовата љубов Бо Пип (Ени Потс).

Според Collider, инспирација за неговиот лик е познатиот американски каскадер Ивел Kанивел, кој се прослави по своите акробации на мотори.

Иако многу критичари мислеа дека филмот ќе биде неуспешен, убедени дека ништо не може да го надмине Toy Story 3, режисерот Џош Кули и сценаристите Ендрју Стентон и Стефани Фолсом им докажаа дека грешат.

Во третиот филм, Вуди и другите играчки се збогуваат со својот сопственик, момчето Енди, додека во последното продолжение на франшизата, Вуди се бори со егзистенцијални прашања и се обидува да ги прошири своите хоризонти.

Toy Story 4 заработи околу 1,07 милијарди долари, додека Toy Story 3 заработи 1,06 милијарди долари. И двата филма имаат слични резултати на Rotten Tomatoes - Toy Story 4 има оценка од 97% од критичарите и 94% од публиката, а неговиот претходник има 98% од критичарите и 90% од публиката.

Големиот успех на четвртиот филм од серијата доведе до зелено светло за Toy Story 5, кој моментално е во развој. Петтиот филм треба да се појави во кината во 2026 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk