logo
logo
logo

САКА МИЛИЈАРДЕР, МАЛА ОД СКАНДАЛА НЕ МИРУВА:ЈК му праќала на Садетин пораки, тој ја искулирал, па и ги покажал на Емина

Vecer | 06.02.2021

САКА МИЛИЈАРДЕР, МАЛА ОД СКАНДАЛА НЕ МИРУВА:ЈК му праќала на Садетин пораки, тој ја искулирал, па и ги покажал на Емина

Пејачката Јелена Карлеуша фрлила око на бившиот дечко на својата колешка Емина Јаховиќ Садетин Саран, и со денови не го остава мирен

Како што се дознава, ЈК, на турскиот милијардер почнала да му праќа пораки преку социјалните мрежи кога дознала дека сопругот Душко Тошиќ ја изневерува со дизајнерката Ана Ковановиќ, со што му се обратила преку пораки каде што го испофалила.

- Јелена сака богати мажи и нема проблем, како жена прва да им пријде. Откако дознала дека Душко Тошиќ ја изневерува со Ана, не драматизира поради ќерките. . Се договориле да не се разведуваат официјално поради афери кои и двајцата имале во минатото. Продолжиле понатаму, а Карлеуша не седи мирна и да биде чесна, туку се однесува по тоа, ако Душко може да шара, може и таа.

На Садетин му пишала преку Инстаграм дека тој секогаш и се допаѓал. Уште додека бил со Емина, зборувала дека е симпатичен и дека има преубави очи... – раскажува изворот.

- Карлеуша му пишала на Садетин дека го смета за голем господин кој  знае како да се однесува спрема жени. Му рекла дека сака мажи кои се стабилни и успешни во својата работа и дека би сакала кога би и се укажала можност да го запознае. Објаснила дека често доаѓа во Истамбул, дека ја сака Турција и дека би сакала да одвои време за подобро да се запознаат.

Што ли Емина кажала на сето ова?

Како што се дознава, турскиот милијардер и ги прочитал сите пораки на Емина кои ЈК му ги испратила.

- Садетин бил изненаден кога видел дека му стигнале пораки од Карлеуша. Знаел дека е популарна во Србија преку Емина и дека тие две се колешки, кои секогаш се почитувале. И кажал што се му испраќала, а Емина била шокирана, но и дека такво нешто не очекувала, туку ја блокирала на Инстаграм.

Садетин секако не планирал да одговори на пораките на Јелена, но таа продолжила да му праќа смајли и пишува дека слободно може да и одговори на пораките бидејќи таа не гриза – зборува соговорникот за Телеграф.ср.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk