logo
logo
logo

Рон Џереми префрлен во душевна болница

Vecer | 08.02.2023

Рон Џереми префрлен во душевна болница

Актерската ѕвезда  во филмови за возрасни Рон Џереми е префрлен во болница за душевни заболувања откако беше прогласен за неспособен на судењето за силување и другите обвиненија, соопшти вчера Канцеларијата на окружниот обвинител на Лос Анџелес.

Џереми (69) е обвинет за повеќе од 30 точки за сексуален напад, вклучувајќи и 12 случаи на силување во областа на Лос Анџелес во период од 23 години. Тој се изјасни за невин, беше прогласен за ментално неспособен да му се суди и потоа е предаден во државна установа за психички нарушувања.

Сослушувањето за напредокот на Џереми е закажано за 8 мај. Тој може да биде задржан в болница до две години, изјави Грег Рислинг, гласноговорник на обвинителството.

Џереми е меѓу најголемите имиња во порноиндустријата, со над 2.000 филмови зад себе.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk