logo
logo
logo

Рок ѕвездата Бон Џови на удар на критики во родниот град поради хуманитарната кујна

Vecer | 10.04.2025

Рок ѕвездата Бон Џови на удар на критики во родниот град поради хуманитарната кујна

Градоначалникот на Томс Ривер, Даниел Родрик, го обвини Бон Џови дека привлекува бездомници од цела држава во неговата народна кујна, која нуди оброци по принципот на плаќање, а наводно го влошува проблемот со бездомниците во градот, пишува Фокс.

Бон Џови ја започна хуманитарната кујна преку својата фондација, а ресторанот беше отворен во февруари во градската библиотека.

Родрик во интервју за Fox News изјави дека кујната создава „депонија“ од бездомници, бидејќи, како што тврди, во градот доаѓаат бездомници од други делови на државата, што исто така ја влошува безбедносната состојба во тој дел од градот.

„Не сакаме да бидеме епицентар на бездомниците. Не сакаме да бидеме депонија за бездомниците од целиот Њу Џерси“, рече Родрик, нагласувајќи дека државата треба да преземе одговорност за решавање на проблемот.

Кујната, која беше пуштена во употреба со цел да им помогне на луѓето во неволја, беше критикувана од градоначалникот поради зголемениот број бездомници на улиците, но тој призна дека директно не се обратил до Бон Џови или неговата фондација за да ги сподели своите наоди.

Народната кујна им овозможува на корисниците да платат за оброк 12 долари или да волонтираат во замена за оброк.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk