Британската пејачка и актерка со албанско потекло Рита Ора не го имала секогаш тоа презиме, а многу фанови не знаат за нејзиното оригинално презиме.
Пејачката, која сега живее во Лондон, е родена во Приштина како Рита Сахатчиу, а вистинското презиме го променила од практични причини.
Имено, повеќето луѓе и нејзините музички соработници не можеле да го изговорат нејзиното презиме, пишува „The Sun“.
View this post on Instagram
Инаку, името го добила по Рита Хејворт, американската актерка чиј голем обожавател бил нејзиниот дедо Бесим, поранешен филмски и театарски режисер.
Британската музичка ѕвезда е исклучително горда на своето потекло, иако живеела во Приштина само првата година од својот живот.
View this post on Instagram
Нејзините родители го напуштиле Косово за Велика Британија во 1991 година. Ора многу години јавно зборува за историјата на нејзиното потекло.
Така, во интервју за „Канал четири“, зборуваше за животот како бегалец.
Нејзиниот татко Бесник во моментов е сопственик на паб во Англија, а нејзината мајка Вера работи како рецепционер во британската Служба за јавно здравје.
View this post on Instagram
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата