Ријана повторно цел на напад- по упадот на имотот, на нејзиниот возач му го украле автомобилот

Крадец провалил во нејзиниот приватен имот во Беверли Хилс и украл еден од автомобилите на нејзиниот шофер. Станува збор за Audi Sedan, автомобил вреден 37.000 долари.
Според медиумите, возачот го оставил автомобилот вклучен со клучевите внатре и отишол во нејзината куќа да земе нешто, а крадецот во тој момент ја искористил приликата да го украде автомобилот. Засега не се знае дали Ријана била дома за време на кражбата, а полицијата го истражува случајот.
За потсетување, полицијата пронашла и уапсила провалник кој сакал да ја запроси и за тоа патувал од Јужна Каролина до Лос Анџелес. Бидејќи провалникот не стигнал подалеку од патеката, полицијата по распитот го ослободила.