За оваа пригода познатиот актер облече елегантно црно палто и панталони, кои ги искомбинира со чиста бела кошула и црна машна, додека неговата партнерка реши да ја воодушеви публиката во елегантен жолт фустан, пишува Дејли Мејл.
Иако се во брак само нешто повеќе од четири години, 72-годишниот Ричард и неговата сопруга првично биле принудени на врска на далечина, бидејќи таа живеела во Шпанија, а тој во САД. Меѓутоа, откако се венчале, нашле заеднички дом во Њујорк.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата