Имено, 21-годишникот се движел со својот велосипед низ населбата Лос Фелиз кога удрил во страна на автомобил, оставајќи голема вдлабнатина на совозачката врата.
Според видеото кое кружи на социјалните мрежи, Пакс возел велосипед без раце пред да заврти и да удри во автомобил. Потоа бил снимен како разговара со луѓето кои излегле од возилото за да ја испитаат штетата.
#AngelinaJolie and #BradPitt's son, #PaxJolie-Pitt, keeps playing with fire ... because he crashed his e-bike again ... smashing into a car and causing major damage.
— TMZ (@TMZ) January 24, 2025
All we know about what happened 👉 https://t.co/YrQtGuRb3w
🎥: Backgrid pic.twitter.com/BnO8EQB0qp
Пакс Џоли-Пит пред само шест месеци доживеа уште една сообраќајна несреќа, по што беше хоспитализиран поради повреди.
Медиумите ги контактирале претставниците на Анџелина Џоли за повеќе детали, но се уште не добиле одговор.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата