Пејачката Весна Змијанац никогаш не била лажно скромна, па сега искрено проговори за своите високобуџетни спотови, но и за преголемите трошоци на нејзината ќерка Николија и зетот Реља Поповиќ, кои не штедат кога е работата во прашање. .
Весна Змијанац е една од пејачките со најголем број хитови на нашата естрада кои траат со години, а на што можеа да и позавидат сите нејзини колешки беа нејзините висококвалитетни спотови кои секогаш беа чекор понапред од времето.
- Имав среќа што навистина добро ги направив тие видеа. Погледнете ги моите видеа, никој не работи така и денес. Заслужив, но и платив и не се каам. Тоа сега го прави мојата Николија, тоа го прави сериозно, а ми вели дека крушата под круша паѓа - изјави Змијанац во “Курир“.
Водителот се надоврзал, кога се во прашање Реља и Николи, тие не жалат за парите за нивните проекти и дека тука нема рационалност, туку дека само гледаат дека се е “во целост“.
- Реља е уште полош од Николија, не ни прашува колку чини тоа што го прават - додала пејачката.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата