На снимката се гледа Вилсон на плажа како го држи своето девојче во раце. Следбениците во коментарите ѝ кажале дека бебето е прекрасно и дека се среќни што Ребел ужива во мајчинството.
Да потсетиме, ѕвездата на Pitch Perfect во ноември минатата година објави дека го добила своето прво дете кое ѝ го родила сурогат мајка. Таа потврди дека целосното име на нејзината ќерка е Ројс Лилијан Елизабет Вилсон и откри дека нејзиното средно име ѝ го сала по кралицата Елизабета.
Кон крајот на февруари Ребел се сврши со својата девојка Рамона Агрума. Пред нејзината врска со Рамона, таа се забавуваше со наследникот на Бадвајзер и основач на Napp's Dairy Free Ice Cream, Џејкоб Буш, но тие се разделија во 2021 година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата