logo
logo
logo

Ребека: Да се молиме за Панчо ДНК, НА АПАРАТИ Е, СОСТОЈБАТА Е ВЛОШЕНА

Vecer | 17.03.2025

Ребека: Да се молиме за Панчо ДНК, НА АПАРАТИ Е, СОСТОЈБАТА Е ВЛОШЕНА

Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристевски вечерва упати апел за молитва за сите повредени во трагедијата во Кочани. Таа објави дека Владимир, или попознат како Панчо од ДНК, е на апарати, а неговата здравствена состојба е влошена.

Да се молиме за сите кои се борат за живот вечерва. Да се помолиме и за Владимир Панчо, мојот мал Буцо од детството кој ме носеше на пица да ме части, а имаше само 12 или 13 гоедини. Буцо кој е голем борец, патриот, хуманитарен, уметник! Молитвата е моќна кога е од срце. Господ да се смилува и сите кои преживеаа, а се во тешка состојба да ги исцели и да им дари живот.

Панчо мил, Те молам не се предавај!!!

Владимир е во Систина, префрлен е вечерва. Состојбата му е влошена. Трахеата е оштетена. Вдишал многу топол дим. На апарати е.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk