logo
logo
logo

Разбојници упаднале во домот на Киану Ривс и му го украле оружјето

Vecer | 11.12.2023

Разбојници упаднале во домот на Киану Ривс и му го украле оружјето

Инцидентот се случил во средата, а полицијата не пронашла никого кога пристигнала. Провалниците околу 1 часот по полноќ упаднале во имотот на актерот и го скршиле прозорецот од вилата. Според медиумите, тие успеале да украдат само огнено оружје, а полицијата пристигнала откако се огласил алармот. Ривс во тоа време не бил дома.

Истрагата се уште е во тек. Полицијата ги анализира видео снимките од камерите околу имотот вреден 6,5 милиони долари.

Ова не е првпат домот на Ривс да биде цел на провалници. Пред девет години жена упаднала во куќата додека актерот спиел. Ништо не зела, туку седнала и заспала во фотелјата. Кога Киану се разбудил и видел непозната жена, разговарал со неа, а потоа повикал полиција. Таа тврдела дека само сакала да го запознае.

Еден ден претходно, друга жена влегла во неговата куќа. Вратата наводно била отклучена, а медиумите тогаш објавија дека таа се соблекла, се истуширала и влегла во неговиот базен. Ја забележале чистачи кои повикале полиција. И двете жени завршиле на психијатриска опсервација.

Покрај тоа, Ривс и неговата партнерка Александра Грант оваа година добија привремена забрана за задржување на човек кој тврди дека е роднина на Киану. Од 5 ноември минатата година до 20 јануари годинава мажот шест пати влегол на имотот на актерот тврдејќи дека сака да разговара со него.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk