logo
logo
logo

Раста откри како се оженил со Ана: Тргнавме на настап, завршивме во матично!

Vecer | 27.09.2023

Раста откри како се оженил со Ана: Тргнавме на настап, завршивме во матично!

Раперот Стефан Ѓуриќ-Раста и пејачката Ана Николиќ од бракот ја имаат ќерката Тара. Иако важеа за еден од најскладните парови, нивната љубов не траеше долго и тие се разведоа. Сепак, малкумина знаат како Раста и Ана се венчале. Раперот гостувајќи во Амиџи шоуто откри дека тоа се случило сосема случајно, односно додека биле на пат кон настап.

- Се венчавме така што тргнавме на настап, а на пат до место каде што требаше да гостуваме наминавме во општина - призна раперот во емисијата.

Еден месец по раѓањето на нивната ќерка Тара, Ана и Раста поднесоа барање за развод, а Николиќ тогаш призна дека ова и бил најтешкиот момент во животот.

- Ги поднесов документите за развод кога најмногу го сакав. Најтешката, но најправилната одлука. Би сакала да останевме во брак, но сепак имам пријател и имаме многу голема причина да бидеме благодарни на нашата љубов, бидејќи таа го донесе најсовршеното нешто на светот, а тоа е мојата ќерка Тара, изјави тогаш Ана.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk