Вчера тој објави видео на социјалните мрежи во кое ги негира сите обвинувања против него.
„Ова беше извонредна и вознемирувачка недела и им благодарам на сите за поддршката и за преиспитувањето на информациите што ви беа презентирани“, започна тој.
Бренд тврди дека е жртва на заговор, но во видеото не се осврна директно на обвинувањата, туку тврдеше за „медиумска корупција и цензура“ и ја обвини британската влада дека се обидува да го цензурира.
Тој додаде дека во понеделник ќе објави поцелосно видео на страницата за стриминг Rumble, нагласувајќи дека платформата е „јасно посветена на слободата на говорот“ и ги покани следбениците да го следат на тој канал.
За потсетување, YouTube ја блокираше монетизацијата на неговиот канал, па тој повеќе не може да заработува од содржината што ја објавува на таа платформа, објави Би-Би-Си.
Потсетуваме дека во заедничката истрага на Сандеј тајмс, „Диспече“ на „Тајмс“ и на Канал 4, четири жени го обвинија за сексуална злоупотреба и силување помеѓу 2006 и 2013 година, а Бренд ги негираше обвинувањата пред да бидат објавени, додавајќи дека неговите врски“. отсекогаш биле консензуални“.
Една од жените кои го обвинија, тврди дека Бренд ја силувал без кондом на ѕидот од една куќа во Лос Анџелес и дека се обидел да ја спречи да си оди додека таа не му рекла дека оди во тоалет. Жената тој ден била лекувана во кризен центар за силување, потврди Тајмс преку медицинските досиеја.
Друга жена од Обединетото Кралство тврди дека тој ја нападнал кога имала 16 години, а трета тврди дека Бренд сексуално ја нападнал додека работела со него во Лос Анџелес. Тој наводно сексуално нападнал четврта жена во Обединетото Кралство и физички и емоционално ја малтретирал.
Друга жена се јави оваа недела за да го обвини Бренд дека ѝ ги покажал своите гениталии во 2008 година, а потоа се смеел за тоа неколку минути подоцна во неговата радио емисија на Би-Би-Си.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата