Фотографите го фатија Бјелогрлиќ за време на неговото пристигнување во судот, каде што дојде во придружба на неговите адвокати.
Потсетуваме, судењето почна на крајот на март минатата година, а Бјелогрлиќ се изјасни за невин. Неговите адвокати Горан Драганиќ и Југослав Тинтор изјавија дека нивниот клиент не го сторил кривичното дело за кое е обвинет и дека тоа ќе го докажат.
Одбраната на Бјелогрлиќ нагласи дека актерот по инцидентот во хотелот дал изјава во полиција, а потоа бил пуштен, а следниот ден бил пречекан од наслови на таблоидите со наводи кои тие ги сметаат за неточни, тврдејќи дека „го нападнал Антонијевиќ од зад грб“. .
Бјелогрлиќ по инцидентот изјавил дека физички го нападнал режисерот на филмот „Дара од Јасеновац“ бидејќи Антонијевиќ го испровоцирал. Од друга страна, Антонијевиќ рече дека Бјелогрлиќ го нападнал затоа што го обвинил за корупција, но му пречел и филмот „Дара од Јасеновац“, за кој смета дека воопшто не требало да се снима.
Тој додаде дека Бјелогрлиќ додека го тепал повторувал: „Да те е** Дара од Јасеновац“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата