Вилата во кој почина холивудскиот актер Метју Пери на 28 октомври минатата година има нов сопственик.
Поранешната резиденција на покојната ѕвезда на „Пријатели“ ја купила филмската продуцентка и инвеститорка од Аризона, Анита Верма-Лалијан за нешто повеќе од осум и пол милиони долари, дознава „Лос Анџелес Тајмс“.
Претставник на продуцентката рече дека таа ќе го користи модерниот имот со четири спални соби од 3.500 квадратни метри, кој Пери го купи во 2020 година за 6 милиони долари, како викендица во Лос Анџелес.
Пери почина на 54-годишна возраст од „акутните ефекти на кетаминот“ откако се удави во када. Пет лица, меѓу кои двајца лекари и долгогодишниот асистент на Пери, се обвинети за смртта на ѕвездата од „Пријатели“.
Официјалните лица рекоа дека еден од лекарите ја препишал дозата на кетамин што ја убила ѕвездата. Пери со години се бореше со различни форми на зависност, наведува „ЦДМ“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата