Како резултат на континуираната поддршка од обожавателите, актерите продолжуваат да остваруваат значителен профит од нивните иконски улоги. Иако некои од епизодите и темите на серијата може да се гледаат поинаку денес, Warner Bros заработува 1 милијарда долари годишно.
За петте главни актери, кои заработуваат два отсто од приходот од синдикатот на серијата, тоа значи годишен приход од по 20 милиони долари - само од репризи.
Кога „Пријатели“ првпат се емитуваше, секој член на актерската екипа добиваше 22.500 долари по епизода, според MarketPlace. Сепак, до третата сезона, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер наводно заработувале 100.000 долари по епизода.
До деветтата сезона, актерската екипа се согласи на плата од 1 милион долари по епизода, што во тоа време беше најголемиот договор за 30-минутна телевизиска серија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата