logo
logo
logo

Претрес во куќата на Ален Делон: Пронајдени 72 парчиња оружје

Vecer | 28.02.2024

Претрес во куќата на  Ален Делон: Пронајдени 72 парчиња оружје

При претресот на куќата на  легендарниот француски актер Ален Делон во Души-Монкорбон, запленети се 72 огнено оружје и повеќе од 3.000 парчиња муниција, пишува The Guardian.

– Делон нема овластување што би му дозволило да поседува огнено оружје – изјави локалниот обвинител.

Претресот бил извршен минатиот четврток и отворена е истрага за недозволено чување оружје и поседување оружје.

Ален Делон е една од најславните и најголеми француска филмска ѕвезда.

Во 2019 година доживеа мозочен удар, по што неговата здравствена состојба беше многу лоша и се најде среде семејна расправија. Имено, од почетокот на јануари трите деца на француската легенда се расправаат и секое од нив се колне дека ќе ги брани интересите на својот татко најдобро што може.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk