logo
logo
logo

ПРЕМИНАЛ ВО “ПРОТИВНИЧКИОТ ТАБОР“: Ѓорѓе Давид ги изненадил сите со одговорот- Попрво би бил со Цеца на вечера отколку со Карлеуша

Vecer | 14.10.2021

ПРЕМИНАЛ ВО “ПРОТИВНИЧКИОТ ТАБОР“: Ѓорѓе Давид ги изненадил сите со одговорот- Попрво би бил со Цеца на вечера отколку со Карлеуша

Ѓорѓе Давид доскорешната миленичка Јелена Карлеуша лесно ја заменил со нејзината лута ривалка и нов член во жирито на “Ѕвездите на Гранд“ Цеца Ражнатовиќ.

Имал одличен однос со Јелена каде што плускале пофални зборови, но наеднаш ја променил плочата.

Она што предизвикало голема бура е неговата изјава дека со доаѓањето на Цеца во жирито пораснала гледаноста на шоуто и дека никогаш не била поголема дури е надмината гледсноста на “Ѕвездите на Гранд“ додека Карлеуша била во жири.

Ѓорѓе открил и тоа какво е однесувањето на Цеца во бекстејџот.

- Цеца е некој кој е со ужасна величина. Можеш да ја слушаш или да не ја слушаш нејзината музика, но таа има едно фантастично и одмерено однесување во бекстејџот. Марија и јас се трудиме да ја “распарчиме“, но таа сеуште се држи, но мислам дека ќе попушти, рекол тој.

На Ѓорѓе му понудиле да бира со која од двете лути ривалки попрво би одел на вечера, а откако ја одбрал Цеца сите останале изненадени, бидејќи пред две години имал непријатен коментар за неа:

- За мене Цеца не е “српска мајка“. Не никако, така што тоа не би коментирал ...

Ни Цеца не му останала должна, и доста одмерено му одговорила:

- Резултатите зборуваат за секој од нас. Секогаш се најгласни оние кои во животот најмалку постигнале. Луѓе кои се успешни и реализирани немаат потреба за било кој да кажат неубаво или лошо бидејќи се исполнети.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk