logo
logo
logo

„ППЛ“: „Колдплеј“ е најслушана британска група во 21 век

Vecer | 27.09.2024

„ППЛ“: „Колдплеј“ е најслушана британска група во 21 век

Поп-составот од Лондон, што го сочинуваат пејачот Крис Мартин, Гај Бериман, Џони Бакланд и Вил Чемпион, е присутен илјадници пати повеќе на радио и ТВ во Обединетото Кралтво од класичните рокери „Квин“, кои се на второто место. А пак, „најпуштаната“ песна на „Колдплеј“ е хитот од 2008 година - „Viva La Vida“. Следат песните „Paradise“, „Clocks“, „Something Just Like This“ и „Adventure Of A Lifetime“.

Основан во 1990-тите, составот ужива трајна популарност и летово стана првиот бенд што како „хедлајнери“ или „главни ѕвезди“ го означија фестивалот „Гластонбери“ пет пати. Имаат вкупно девет албуми што екогаш се на врвот на топ-листите.

На трето место е „Тејк дат“ (Take That), четврти а женскиот состав „Литл микс“ (Little Mix), а „Битлс“ се петти. Следат рокерите од Манчестер - „Оејзис“ (Oasis), „Би-џис“ (Bee Gees), велшката група „Стереофоникс“ (Stereophonics), „Јујритмикс“ (Eurythmics) и на 10. место - „Ролинг стоунс“ (Rolling Stones).

Листата е составена врз основа на податоците за лиценците на „ППЛ“ за дозволена употреба на снимена музика на радио, ТВ и на јавни места - продавници, барови, пабови, ресторани, спортски сали, канцеларии. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk