logo
logo
logo

Познато место каде ќе биде погребана Брижит Бардо

Vecer | 29.12.2025

Познато место каде ќе биде погребана Брижит Бардо

Една од најубавите актерки во историјата на филмот, легендарната француската актерка Брижит Бардо ќе биде погребана на гробишта со поглед на Средоземното Море во Сен Тропе, каде што се погребани нејзините родители, објави денес градското собрание на Сен Тропе, но датумот на погребот сè уште не е прецизиран.

Како што објави „Фигаро“, Бардо изразила желба да биде погребана во нејзиниот имот во Сен Тропе, кој го купила кон крајот на 1950-тите.

 Брижит Бардо почина во недела на 91-годишна возраст во нејзината вила Мадраг во Сен Тропе.

Нејзините обожаватели цел ден оставаат букети цвеќе пред нејзината вила. Бардо се пензионираше од светот на филмот во 1973 година, кога немаше ни 40 години, и остави зад себе 46 филмови и повеќе од 60 песни.

Оттогаш, таа речиси целосно се повлече од јавниот живот, посветувајќи ја целата своја енергија на заштитата на животните и хуманитарниот активизам.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk