Од тркачки автомобили, тимот на Брзи и бесни стана тим кој го спасува светот и оди во вселената.
Вкупно, снимени се 11 филмови, од кои еден беше спин-оф, а во девет се појави Дизел. Официјално во осум бидејќи тој не беше потпишан за кратка улога во Токио Дрифт. Брзи и бесни 7 и 8 се единствените кои заработија над милијарда долари на кино благајните. Филмовите заработија вкупно 7,47 милијарди долари на Universal Pictures.
По смртта на Пол Вокер во 2013 година, многумина повикаа на крај на франшизата по седмиот дел, но тоа не се случи. Последниот филм што излезе беше Fast and Furious 10, а се планирани уште најмалку две продолженија.
Во филмовите се става акцент на важноста на семејството, но на Дизел му е важно и колку пари ќе заработи. Според податоците кои ги објави порталот Screen Rant, американскиот актер во осумте филмови заработил околу 124 милиони долари. Најмногу заработил на Fast and Furious 7 каде успеал да добие 47 милиони долари.
За улогата во оригиналот доби два милиони долари, додека за кратката улога во Tokyo Drift не бил платен, туку ги добил правата на франшизата Riddick. Дизел одбил да биде во Fast and Furious 2 затоа што, малку иронично, сметал дека продолжението ќе го оцрни значењето на оригиналот.