logo
logo
logo

Познатиот актер се отвори: Ми фали секс!

Vecer | 24.03.2021

Познатиот актер се отвори: Ми фали секс!

Актерот Орландо Блум (44) во интервју за британски медиум открил неколку тајни за него и неговиот живот.

Првата тајна која ја открил е дека на негова 20 годишна возраст паднал од 4-ти кат и дека лекарите му рекле дека ќе остане неподвижен, но и покрај сите прогнози, тој закрепнал.

Како што рекол, последен пат се расплакал кога ја изгубил пудлицата Мајти, за која верува дека била 'киднапирана' од којот.

Открил дека наставничката го понижувала во училиште бидејќи имал дислексија.

Меѓутоа, голема прашина се кренала околу неговата изјава за сексуалниот живот. Новинарот го прашал колку често води љубов, а актерот имал подготвен одговор.

„Недоволно. Недостасува акција, сепак штотуку добивме дете“, рекол Блум.

Актерот и американската пејачка Кејти Пери, на крајот на 2020-та година го добија девојчето Дејџи Дав, а тоа се одразило на нивниот сексуален живот.

Ваквите изјави за него не се нешто ново. Тој во март минатата година за „Сандеј Тајмс“ рекол дека шест месеци се воздржувал од секс, сè до средбата со Кејти.

На тој драстичен чекор се одлучил за конечно да ја пронајде вистинската љубов и изгледа дека му успеало.

„Сакав 6 месеци да апстинирам и навистина уживав во начинот на кој тогаш се однесував кон жените“, рекол холивудскиот актер.

Освен ќерката со Кејти Пери, Орландо од минатиот брак со манекенката Миранда Кер го има синот Флин (10).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk