logo
logo
logo

Познатата пејачка колабираше пред концерт, настапи во инвалидска количка

Vecer | 30.01.2025

Познатата пејачка колабираше пред концерт, настапи во инвалидска количка

Пејачката Пети Смит колабираше во Бразил во средата вечерта, а подоцна се врати за да се извини што мораше предвреме да го заврши своето шоу. На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа како таа лежи на земја.

78-годишната уметничка останала на земја неколку минути пред да и се укаже помош, а потоа и да ја оддалечат во инвалидска количка. Театарот Cultura Artistica, мала концертна сала во центарот на Сао Паоло, во четвртокот наутро објави дека пејачката доживеала тешка мигрена во последните денови и чувствувала вртоглавица за време на настапот.

– Ја лекуваат најдобрите лекари и нашиот тим – се вели во соопштението на театарот на Инстаграм.

За време на настапот таа рецитираше дел од нејзините дела заедно со музичарите. Soundvalk Collective соопшти дека Смит страдала од интензивна мигрена во последните неколку дена.

- Но, таа сепак сакаше да биде тука за сите нас и вас и да настапува - групата објави соопштение потпишано од нив и Смит на нивните приказни на Инстаграм.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk