logo
logo
logo

Билборд објави листа на најдобрите пејачки на 21 век

Vecer | 21.03.2025

Билборд објави листа на најдобрите пејачки на 21 век

Популарниот американски музички магазин -Билборд, објави листа на најдобрите пејачки на 21 век, која предизвика многу различни реакции поради неочекуваните имиња кои се појавија на неа.

Очекувано, Тејлор Свифт се најде на врвот на листата. Досега има освоено 14 Греми. На второ место е Ријана, која последниот албум „Anti“ го објави во 2016 година, додека Бијонсе е на третото место.

Контроверзната Бритни не е во првите пет.

По нив следат Адел, Кети Пери, Лејди Гага, Пинк, Аријана Гранде, Мајли Сајрус и Алиша Кис. Изненадувачки, Бритни Спирс се најде на 14-то место.

Нејзините обожаватели го изразија своето незадоволство на социјалните мрежи.

"Бритни дефинитивно треба да биде во топ 10. Таа е кралица на женскиот поп", "Таа влијаеше на повеќето пејачки кои влегоа во топ 10. Како Бритни не е во топ 5? Кети Пери е петта, некој ме шегува?", се дел од коментарите.

Фановите на Бијонсе се бесни бидејќи Тејлор Свифт повторно е подобро рангирана.

. „Мразам кога луѓето ја потценуваат нејзината работа. Таа напорно работи од првиот ден“, „Заслужи повеќе“, мислат тие. Мараја Кери, Џенет Џексон и Мадона се меѓу пејачките кои исто така не успеаја да влезат во топ 10.

Комплетната листа на најдобрите пејачки на 21 век според Билборд е следнава: Тејлор Свифт, Ријана, Бијонсе, Адел, Кети Пери, Лејди Гага, Пинк, Аријана Гранде, Мајли Сајрус, Алиша Кис, Кели Кларксон, Мараја Кери, Кери Андервуд, Бритни Ејлили, Спирс, Лавињ и Кристина Агилера.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk